Рано утрово во Бирмингем повеќе луѓе се ранети во напади со нож, соопшти полицијата.

„Можеме да потврдиме дека половина час по полноќ бевме повикани поради напад со нож во центарот на Бирмингем“, објави полицијата на Твитер.

„Одговоривме веднаш заедно со службата за брза помош. Наскоро беа пријавени неколку напади со нож во областа.“

„Знаеме дека повеќе луѓе се повредени, но во овој момент не можеме да кажеме колкава е сериозноста на повредите“, се вели во твитот.

Полицијата ги повика граѓаните да бидат смирени и претпазливи и да се држат настрана од областа на нападот, која е оградена.