На вчерашното потпишување на договорот за економска нормализација на Белград и Приштина можеше да се забележи интересна реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Имено, додека американскиот претседател Доналд Трамп разговара околу преместувањето на амбасадата на Србија во Ерусалим, Вучиќ целосно збунет почнува да гледа низ документите, а потоа се фаќа за глава.
Во видеото може да се забележи и Мајк Пенс како ја гледа реакцијата на Вучиќ додека тој ги прегледува документите.