Како и многу други студии во врска со Ковид-19, и оние кои истражуваат како болеста влијае на децата и тинејџерите, продолжуваат да се развиваат.
Дали децата и тинејџерите можат да шират Covid-19?
Сè уште нема дефинитивни информации за пренесување на вирусот кај деца и тинејџери. На почетокот на пандемијата, научниците сметаа дека децата ретко се погодени. Иако неколку мали прелиминарни студии сугерираат помало пренесување од дете на дете, неодамнешно поголемо истражување од Јужна Кореја откри дека возраста прави голема разлика во пренесувањето на вирусот.
Студиите покажуваат дека постарите деца имаат преголема веројатност да го пренесат вирусот како возрасните, додека кај помалите деца таа веројатност е сведена на половина.
Друга неодамнешна студија покажа дека помалите деца имаат вирусно оптоварување слично на возрасните, објави NBC News.
И, иако сите симптоматски деца се заразни, сè уште е нејасно дали асимптоматските деца можат да го шират вирусот и до кој степен.
Детски симптоми на Ковид-19
Се проценува дека 90 проценти од децата и тинејџерите кои имаат позитивен тест за вирусот, немаат никакви симптоми или имаат само благи симптоми.
Детските симптоми се слични на возрасните, но обично се многу поблаги и повеќе слични на настинки. Најтипичните симптоми вклучуваат треска, кашлица, течење на носот, замор, болки во мускулите, а понекогаш и повраќање и / или дијареја.
Повеќето деца се опоравуваат во рок од една до две недели, но долгорочните ефекти сè уште се релативно непознати со оглед дека станува збор за нов вирус.
Кога да побарате итна медицинска помош за вашето дете
Според ЦДЦ, ако видите некој од следниве симптоми, важно е веднаш да побарате лекарска помош.
- Треска повеќе од 5 дена
- Проблеми со дишењето
- Неможност да се задржат течностите кои ги внесуваат
- Конфузија или неможност за будење
- Сини усни или шарена сина или бледа боја на кожа
- Летаргија и екстремен замор
- Брз ритам на срцето
Начини за намалување на ризикот кај децата
Истите мерки на претпазливост кај возрасните се однесуваат и на деца, вклучително и:
- Физичко растојание од 2 метри
- Носење маска
- Миење раце најмалку 20 секунди со вода и сапун
- Држење на рацете подалеку од очите, носот и устата (тешка навика за учење)
Одредени здравствени состојби ги ставаат децата и тинејџерите во поголем ризик од заразување со вирусот и развој на компликации. Оние со астма може да имаат потешки симптоми. Лошо контролираниот дијабетес го ослабува имунитетот, правејќи го детето поподложно на инфекции. И оние со дебелина (со или без коморбидитети) се исто така изложени на поголем ризик од заразување со вирусот.