На денешната прес конференција од Собранието на Република Македонија, пратеникот и претседател на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски во врска со барањето на Катица Јанева за апанажа кое го има доставено во собранието, тој одговори дека таа нема право да бара апанажа.
-Катица Јанева не е избрана за функционер од страна на Собранието на Република Македонија, туку Собранието само ја предложи до Советот на јавни обвинители, така што таа согласно закон е избрана од страна на Советот. Оттаму Собранието нема право и можност да размислува и одлучува во насока за доделување на апанажа на Катица Јанева.
Тој апелираше до Јанева да каже кој, како и зошто учествувал во тоа „чудовиште“ од институција со кое се вршело притисок и се изнудувл рекет од функционери и бизнисмени. Кој е креаторот на тоа?
Граѓанска обврска е на Катица Јанева да даде одговор на овие прашања, бидејќи јавноста има право да ја знае вистината за ова „чудовиште“, истакна Димовски.