Исповед на креаторот на смртоносниот отров „Новичок“: Побараа да направиме отров што убива за 10 минути, ние го направивме да убива за 6

Владимир Угљов денес е пензиониран хемичар и на 73-годишна возраст живее мирно на брегот на Црното Море. Тој е еден од двајцата кои во тајната лабораторија на СССР ја синтетизираа најтоксичната материја на светот во 70-тите години на минатиот век. N1 ја пренесе неговата исповед од странски медиуми.

Кога поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал беше отруен во британскиот Солисбери во 2018 година и, веројатно како колатерална жртва и неговата ќерка Јулија, името на нервниот агенс новичок се најде во насловните страници на сите медиуми во светот.

Причината за ова беше што ударот со овој нервен воен отров беше првиот таков со воен отров во Западна Европа по Втората светска војна.

Сега, откако германските медицински експерти пронајдоа траги на новичок во телото на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, приказната се повторува. Во 2020 година, новичок повторно е во центарот на игрите во светската моќ по труењето на Навални, кој неодамна беше едвај спасен од руски лекари, за потоа германските колеги да го спасат откако Кремлин се согласи да го испрати Навални во Берлин во критична состојба.

„Фала му на Бога, Германците беа во можност да ја потврдат супстанцијата во телото на Алексеј Навални“, изјавил Владимир Угљов.

„Супстанција“, израз што Угљов го користел во разговорот, всушност е новичок, хемиско соединение што го истражувал 15 години со неговиот постар колега Пјотр Кирпичов, со кого го открил во тајна лабораторија на СССР во 1970-тите. Почетник, или „новичок“, припаѓал на целосно нов вид отров, органофосфати и се покажал како потоксичен дури и од најтоксичниот “VX” до тогаш.

“Планот беше да се развие воен отров што ќе го онеспособи непријателот за борба во рок од 10 минути. Тој може да го преживее, но како непријател ќе биде неспособен”, ја опиша Угљов наредбата од воениот врв.

“Тие ни дадоа насока отровот да дејствува за 10 минути. Успеавме да постигнеме реакција помеѓу пет и шест минути”, рече тој.

Во тоа време, во 70-тите години на минатиот век, Угљов живееше во малото гратче Шиканија, на бреговите на Вогла, близу границата со Казахстан, град што беше „затворен град“ до 1997 година, што го немаше ниту на мапите. Имено, таму постоеше таен центар за воени истражувања за хемикалии.

“Влезот во затворениот град беше под строг надзор. Не ми беше дозволено да влегувам пеш. Јас секогаш бев возен директно до тајната лабораторија со автомобил”, рече Угљов.

Колку е новичок опасен за луѓето, се виде во мај 1987 година, кога еден од оние кои работеа со него, Андреј Железњаков, беше случајно отруен. Му беа потребни 10 дена воопшто да се разбуди со најдобриот лек на СССР од тоа време. Му требаа три месеци за да оди повторно. И тој никогаш не се опорави од хронична слабост во неговите раце, токсичен хепатитис што доведе до цироза на црниот дроб.

Тој имаше епилепсија, страдаше од тешка депресија, не знаеше да чита или да се концентрира. Починал пет години подоцна.

Kampfstoff aus Russland: Wladimir Ugljow und das Nervengift Nowitschok (2/2)

Eine Substanz aus Sowjetzeiten soll Regierungskritiker Alexej Nawalny vergiftet haben. Ein chemischer Nervenkampfstoff aus der Nowitschok-Gruppe, sagte jetzt Angela Merkel. SPIEGEL TV mit exklusiven Aufnahmen aus einem russischen Geheimlabor in dem chemische Kampfstoffe entwickelt wurden. (25.03.2018) (2/2)

Posted by DER SPIEGEL on Thursday, September 3, 2020

Сè до 1992 година, светот не знаеше за новичок и до тоа време лабораторијата веќе имаше развиено четири варијанти на отров; три во течна форма и еден во форма на прав. Три години подоцна, еден од колегите на Угљов успеа да го прошверцува новичок и да го продаде на „мафијата“. Стануваше збор за Вила Мирзајанов, кого тогаш го судеше Русија за предавство, кој неодамна за Еуроњуз изјавил дека „нема лек за новичок“.

Одредени „чеченски кругови“ беа споменати како купувачи. Угљов, исто така, доби можност во тоа време да се докаже како „слаба алка“. Само што тој не се докажа како таков.

“Тие еднаш ми понудија 5000 американски долари. Веднаш пријавив во КГБ. Тогаш помислив дека само проверуваат што ќе направам”, весело рече Угљов за тој дел од историјата на новичок.

Тој исто така објасни како функционира „неговиот“ воен отров:

“Соединението” блокира ензим што доведува до зголемување на пулсот, постојано и побрзо, не запира. Телото постојано се грчи, човекот се бори, вашите мускули постојано се движат. На крајот, целата енергија во клетките се троши и на тој начин човекот умира многу брзо“.

Тој исто така објасни како се пренесува новичок. Се покажа како крајно едноставно:

“Може да се истури во стаклена ампула која мора да се исчисти хемиски, тоа може да се направи со алкохол. Сето тоа се става во метален контејнер, кој потоа може да се стави во торба. Можете да одите каде сакате со него”.