Околу опшатата амнестија за “Крвавиот четврток” адвокатот Тони Менкиноски на вчерашното гостување во „24 анализа“ истакна дека воопшто не станува збор за тероризам и смета дека секој треба да си одговара за своите дела, но прашањето е за што.
И ако збориме за амнестија треба малце да се вратиме наназад, рече тој, па од “Глобал” па се навака што се случуваше да ги преиспитаме настаните.
-Тоа е срамота за мене како Македонец да бидат тие луѓе судени за тероризам. Па знаете ли кој се суди за тероризам во Европа? Го вратија македонскиот народ квалификувајќи го делото како тероризам, назад 100 години. Значи кога Македонците се бореле за своја држава. И сметам дека секој треба да си одговара, но прашањето е за што. Ние ли Македонците во сопствена држава да одговараме за тероризам? Како не ви е срам? Знаете ли каква порака праќате кон цивилизираниот свет? Дека ние сме овде едно племе, посочи тој.
Околу законот за помилување и членот 11 кој го иницираше Министерството за правда, а СДСМ го поднесе во законодавниот дом адвокатот Тони Менкиноски праша зошто СДСМ воопшто ја иницираше оваа расправа за овој член кога тој член не постоел.
-Зошто. Затоа што народот очекуваше некакви резултати. И сега СДСМ не испорача никакви резултати и сега замислува некој противник. Ваквата методологија на Дон Кихот, односно ова се е е толку е “донкихотски”, значи противникот сами си го создаваат се борат против него и на крај победуваат, а резултати нула. Ова што се случува со аболицијата, значи ние сме спремни за се. Ние дури и дадовме предлог дека во иднина ниту еден политичар да не биде амнестиран или аболициран од било какво кривично дело. Значи тоа е многу битна порака. Ние сме сериозни. Ние сакаме да направиме држава од оваа држава. А не како СДСМ да си играме со демагогии. Дури ни новинарката неможе да ве разбере, па што очекувате од мене со оваа игранкава што ја имавте со амнестијата. Јас ве жалам. Јас да сум на ваше место би си дал оставка.