Срамно е да се прави театар од почитување на закони. Да се радува општеството за случај каде се спроведува закон говори за степенот на криминализираност на државата и власта, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Главното прашање, според него е како никнала дивоградбата и како државата, власта му ги легализирале дивоградбите.
Доколку власта сака да докаже дека рушењето кај Мавровка не е евтин крими театар платен со државен буџет, тогаш очекуваме ист третман и со другите познати дивоградби за кои се врзуваат звучни имиња од старо-новата власт, рече Стоилковски.
Според информациите објектот зад мене е дивоградба која што со години функционира, а за фактот дека е бесправно изграден објект познато е дека знаат и Зоран Заев и Али Ахмети, а знаат и во Јавното Обвинителството!
Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат ЈО конечно да поведе постапка и за инвеститорот на овој диво изграден објект.
Јавноста по овој крими-театар мора да добие одговор како и кога е откриен идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“? Кога ЈО дознало и зошто се чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на послушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот и го дозволи рушењето на објектот? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекуваме во најскоро време коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да постапи и со другите дивоградби, пред се, со објектот зад мене, а потоа и со околу 80-те дивоградби на Попова Шапка, за што локалната власт во Тетово не реагира.
Очекуваме ист третман да добијат и дивоградбите во Охрид заради што и меѓународно е загрозен статусот на градот, пред се, заради градбите кај обележјето на градот-стариот Чинар, но и објектите на крајбрежјето, објектите на Нефи, советникот во охридската локална власт.
Очекуваме на ист начин да бидат третирани и дивоградбите на Матка крај Скопје, како и со сите други бесправни објекти во заштитените појаси во Македонија.“ – изјави Стоилковски.