Пекарката од Франција Луиз Раж има навистина чуден рецеп за правање на леб. Имено таа додава женска урина која ја собира од јавните тоалети.

Како што истакнува таа урината е одлични природно ѓубриво.

-Урината е всушност целосно запоставена течност. Таа содржи азот, калиум и многу други хранливи материи. Треба да се третира како злато истакнува пекарката.

Потоа советува урината да се разреди пред да се користи за да не влијае на вкусот.

Луиз исто така посочува дека е „екофеминистка“, односно припаѓа на општествено и политичко движење кое ги поврзува екологијата и феминизмот, па тоа е една од главните причини зошто решила да користи ваква бизарна состојка.