Швајцарската фармацевтска компанија „Roche“ (Рош) објави дека до крајот на септември ќе изработи брз тест за откривање на коронавирусот, кој ќе дава резултати за 15 минути.
Тестот за антигени на вирусот САРС-КоВ-2, што ја предизвика пандемијата КОВИД-19, која од крајот на декември уби повеќе од 851 000 луѓе ширум светот, ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжително за производите што влегуваат на пазарот на Европската унија.
Сепак, Рош исто така сака да побара итно одобрување од страна на американската Агенцијата за лекови (ФДА).
Четириесет милиони тестови
“40 милиони брзи тестови на САРС-CoV-2 ќе бидат достапни секој месец. Тој капацитет ќе се зголеми двојно до крајот на годината за да се задоволи побарувачката за здравствените системи ширум светот”, изјавиле од компанијата.
Пуштањето на тестот на пазарите мора да се изврши во соработка со јужнокорејската компанија SD Biosensor Inc, која веќе има голем број тестови за откривање на вирусот, и со која Рош има договор за дистрибуција низ целиот свет.