Власта со закон сака да го укине правниот факултет во Кичево

 

Во Собранието на Република Македонија пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ по трет пат го поднесува истиот Закон со кој сака да го укине Правниот факултет во Кичево и да го префрли во Битола.

Првиот пат кога се поднесе законот, пратениците преку дискусии успеаа да го натераат Кирацовски да го повлече.

Вториот пат кога се обиде по скратена постапка да го протурка законот, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија повеќе од 4000 амандмани и постапката по овој закон е почната, но седницата на комисијата каде што требаше да се разгледуваат амандманите е одложена.

Иако веќе истиот закон е во собраниска процедура, Кирацоски со Реџаил Исмаили од ДУИ сега повторно уште еднаш со иста содржина да го поднесоа по скратена постапка и истиот е ставен на седница во среда 11.12.2019 година.

Која е намерата на власта со ваквите неиздржани предлози и политикантски игри, надвор од јавноста, тивко да се обидува да укине факултет заради лични интереси на неколкумина?

Образложението дека промената на седиштето на Правниот  факултет  од   Кичево   во   Битола    ќе  ја   зголеми   атрактивноста   на факултетот   не држи бидејќи атрактивноста и квалитетот на високото образование зависи од стручноста, компетитивноста и посветеноста на професорите кои предаваат во образовните институции, што не е директно поврзано со локацијата на седиштето на високообразовната установа.

Александар Кирацоски во март 2018 година изјави

јас како пратеник во Собранието, предложен и изгласан од граѓаните на Битола наскоро ќе поднесам еден предлог-закон со којшто ќе барам промена на седиштето на факултетот, наместо да биде во Кичево, да биде во Битола.“ Со образложение дека така ќе се зголеми квалитетот и студентите ќе можат своите искуства да ги доградуваат тука во Битола кадешто всушност ќе биде седиштето.

Не е ништо спорно што факултетот се наоѓа во друг град за да не се концентрира моќта само во неколку града (Скопје и Битола) и треба да им се  овозможи на младите да ги запознаат и другите градови преку студиите. Малите градови овозможуваат студии за сите луѓе, помалку, па и за повеќе ситуирани, а при тоа се отвораат работни места и економски и туристички се заживува градот каде што се наоѓа факултетот.

Треба да се запрашаат родителите колку средства издвојуваат за студирање на нивните деца каде цените за престој во Скопје и Битола се енормно зголемени заради неконкурентност.

Ако размислуваме за концентрирање на моќта само во еден град, тогаш и фалуктетот за безбедност, лоциран во Скопје би требало да се префрли во Битола.

Антонијо Милошоски тогаш изјави:

Наместо да се прават обиди за негова преселба, вистински потег е да се изнајдат начини да се помогне во унапредување на работата на овој факултет и да се поддржи неговото функционирање. Ова, едноставно, не е начин кој ќе помогне некому. А ќе одмогне многу на Кичево и кичевчани.

Кирацовски првиот пат кога го предложи законот во собранието практично ги „молеше“ политичките опоненти да не го блокираат или одложуваат нивниот предлог закон, а неговите  аргументи за дислокацијата на седиштето на правниот факултет – кичево го ограничи на само неколку минутно промовирање на општина Битола како регионален правен центар.

Зошто и за чии интереси е упорноста на Кирацовски и власта да го донесат овој закон кој е само на штета на граѓаните на Кичево, се надеваме дека наскоро ќе се дознае.