Во Франција бројот на заразени со коронавирусот е за 50 проценти поголем во споредба со јули

Во Франција, бројот на лица заразени со коронавирусот е зголемен за скоро 50 проценти овој месец во споредба со јули, објави Министерството за здравство.

Како што е наведено, во изминатите 24 часа биле регистрирани уште 3.082 заразени со вирусот, што е многу помалку од 5.000 од бројката што била во изминатите два дена.

Во изминатите седум дена просечниот број на заразени бил 5.167.

Во Франција, вкупниот број на заразени достигна 281.025, во споредба со 187.919 на крајот на јули. Во текот на август, бројот на заразени растеше дневно во просек за рекордни 3.003, што е четири пати повеќе од 746, што беше дневен просек во јули.

Поради зголемениот број на заразени, властите мораа повторно да воведат одредени регулативи, како што е задолжително носење маски на улиците, продавниците и јавниот превоз во скоро сите поголеми градови.

Од денес маските се задолжителни и на работното место.