Мицкоски: Имаме “нова“ влада со истрошени и компромитирани кадри која ќе биде срушена со организирани масовни граѓански протести

енес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри. Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така најверојатно нема да ја исполнат, изјави на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој изјави дека по трет пат ветуваат нов клинички центар, нови 260 км автопатишта откако не изградија ниту еден свој километар автопат во изминатите 4 години. Ветуваат странски инвестиции откако не донесоа ниту една, ветуваат нови работни места откако имаме 40 илјади нови невработени само за 5 месеци. Ветуваат реформа во администрацијата кога потрошија 4 години и ништо не направија. Ветар и магла, ним им е важно само брутално, дрско и безобзирно да крадат.

– Првата работа која ќе ја направеле ќе била уривањето на дивоградбата во Мавровка, откако се запали објектот и се градеше 4 месеци во мандатот на владата водена од СДСМ. Самите дозволија да се изгради и сега ќе ја уривале. Какво лицемерие. И најголемото е она кога Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој едно исто со криминалот во земјава. Тоа е владата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, луј витон чанти, градоначалници шверцери, рече Мицкоски.

Мицкоски ги критикуваше неуспесите на оваа влада од претходните години.

Значи денес овие денови имаме 40 илјади ново невработени за 5 месеци, како што рече Мицкоски, најголем зголемување на невработеноста за толку кус период од времето на приватизацијата, имаме пропадната банка со кредити влечени од фирми блиски до власта, министерка која пред да пропадне банката си ги извлекла парите слично како министерот во тренерки од ТАТ. Познато ли ви е, нели? Се е исто како црната транзиција.

Тој истакна дека од двата дена собраниска седница не чувме ниту збор за тоа како ќе се надмине економската криза, како ќе се надмине и здравствената криза. Не чека сиромаштија и уште посилна здравствена криза.

Кризата ќе биде уште поголема и ако не се превземе итен активизам, сериозни мерки и протоколи последиците ќе бидат уште поголеми, потенцира Мицкоски.

– Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Имавме вонредни избори, а тие дојдоа затоа што Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Ако се прашувате зошто? Се виде пред изборите. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица, изјави Мицкоски.

„Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам. Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобода. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ.

Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.

Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.

Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада.“ – изјави Мицкоски