Од полноќ нови поскапи цени на горива

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Прочитај повеќе …

Заев: Ветуваме храброст, мудрост, работливост и чесност

По изборот на новата Влада, премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил порача:

„Ќе работиме и ќе дочекаме правен систем во кој граѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднаква за сите ќе работи на ефикасен, транспарентен и ефикасен начин. Ќе работиме и ќе имаме европско образование, кое ќе подготвува едуцирани млади луѓе кои лесно ќе наоѓаат работа и лесно ќе го организираат својот живот по завршување на своето образование.

Ќе работиме за уште посилно и поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани уште подобро од сега.

Прочитај повеќе …

По 30 години на власт Ѓукановиќ ги загуби изборите и оди во опозиција

Според првичните податоци за обработени гласачки ливчиња опозицијата има мнозинство во црногорскиот парламент, а Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ оди во опозиција после 30 години.

Според Центарот, ДПС има 30 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, „Мирот е нашата нација“ 10 места, а „Црно на бело“ четири. Социјалдемократите и Бошњачката партија би имале по три места, СДП два и два мандата за двете листи на албанските партии.

Сè на сè, трите опозициски коалиции имаат 41 мандат, а ако на тоа се додадат и двата мандати на СДП на Ранко Кривокапиќ, кој последните четири години ги помина во опозиција, откако се судри со Ѓукановиќ во 2016 година и ја напушти владејачката коалиција, во која беше цели 18 години, излегува дека опозицијата има силно мнозинство.

Прочитај повеќе …