Унгарскиот премиер Виктор Орбан, со декрет им забрани на странците влез во земјата. Забраната, која стапува на сила утре, е најавена од минатиот петок, пренесува агенцијата МТИ.
Исклучоците се однесуваат на државните функционери кои организираат официјални настани, лица кои примаат медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно студираат, возачи на камиони на пат кон своите куќи, учесници во спортски, културни или верски манифестации.
Сите кои имаат одобрен влез во Унгарија ќе мораат да одат во двонеделен карантин и да бидат два пати тестирани негативно на коронавирусот.
Двонеделниот карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат од странство.