Охридска банка АД Скопје во првите шест месеци од годината оствари добивка пред оданочување од 155.139 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Во истиот период минатата година добивката пред оданочување била 278.736 илјади денари.
“Билансот на на состојба на Банката на крајот од првото полугодие од 2020 година изнесува 43.019 милиони денари и е за 5,5% над планираното. Споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 684,9 милиони денари, како резултат на порастот на краткорочните депозити и повлечени средства по основ кредитна линија од матичната банка.
Депозитите на клиентите, со учество од 72,2 %, се доминантен извор на финансирање на активностите на Банката. Во споредба со крајот на минатата година бележат намалување од 190 милиони денари и се во линија со планираниот износ.
Во вкупните депозити, депозитите на население учествуваат со 44,5%, депозитите на правни лица учествуваат со 39,2 %, а депозитите од финансиски друштва со вклучени депозити од банки имаат учество од 16,3 %.
Депозитите од правни лица бележат намалување од 1,8 милијарди денари или 13,3% со реализација на планот од 86,1%. Намалувањето е резултат во најголем дел на намалување на краткорочно орочените девизни депозити.