Бројот на заболени се намалува: Регистрирани се 39 нови случаи и 4 починати
Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во:
– Скопје 7
– Куманово 3
– Прилеп 8
– Тетово 2
Прочитај повеќе …
До јуни вкупно 140.571 станови ставени под хипотека
Под хипотека во државава се 12,8 проценти од становите. Од вкупно впишани 1.095.579 хипотека има на 140.571, покажуваат податоци од Регистарот на цени и закупнини од почетокот на април до крајот на јуни годинава. На крајот на минатата година под хипотека биле 132.527 станови, а во првиот квартал годинава тој број се зголемил на 138.425.
Во вториот квартал, споредено со првиот квартал кога настапи пандемијата со Ковид-19, има намалување на купопродажбите со недвижности, односно регистрирани се 562 трансакции помалку, а кај закупите намалувањето е за 1.347.
(ВИДЕО) Поради пожари евакуирани 2.400 лица во Андалузија
Големи пожари беснеат во Андалузија , илјадници луѓе се евакуирани , а гори и туристички комплекс .Околу 2.400 лица се евакуирани поради пожар, кој е надвор од контрола и ја пустоши шпанската провинција Андалузија, соопштија денеска надлежните.
Пожарот избувнал во четвртокот на планините во близина на градот Алмонастер ла Реал, на 120 километри северозападно од градот Севилја. Оттогаш има поминато 90 квадратни километри, пренесува АП.