Еден наш студент во Холандија, напишал пост “Во потрага по мојата националност”, со поплака дека е избришан како Македонец во институциите во Холандија. На што во коментарите му одговорил министерот Никола Димитров, правдајќи се што како треба да биде, согласно Преспа. Понатаму следуваат лавина од коментари.
Фејсбук статус на студентот:
„ВО ПОТРАГА ПО МОЈАТА НАЦИОНАЛНОСТ
Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути.
Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка.
Госпоѓата: Господине, во полето националност не можам да внесам македонец. Дали вашата националност е македонец?
Јас: Да, да.
Госпоѓата: па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата националност?
Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија а и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа националноста сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/
Госпоѓата: господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…).
Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.
Јас: во ред, пробајте.
Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.)
Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите.
(Се собираат 3-4 административци
Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.
Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.)
Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.
Јас: Знам, знам.
Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.
5 луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата националност. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени.
На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie
Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата националност. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.
И така до заврцестен идентитет…“
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10206072038275988&id=1713013898
Одговорот на министерот Никола Димитров:
„Реагиравме и ќе продолжиме да реагираме. Прво, државјанството не е националност во смисла на етничка припадност туку врска меѓу граѓанинот и државата. Кај нас имаме мнозинство Македонци, но и етнички Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци итн. Сите се македонски државјани. Второ, државјанството според Преспанскиот договор е македонско/граѓанин на Северна Македонија. Ќе продолжиме да настојуваме административно доследно да се спроведува во сите држави. Идентитетот е во член 1 – македонски јазик и во член 7 – македонски народ, врз основа на нашето право на самоопределување.“