Македонија нема се уште правилник за утврдување на висината на штетните тешки метали во земјата, недостаток на средства за да се направат стратегии како почвите да се исчистат. За професорот Стафилов овие метали не само на почвата туку и преку ветерови се пренесуваат и воздухот. Таков е случајот во Велес и Пробиштип.
Иако затворени пред децении рудникот кај Лојане е се уште место каде тешките метали секојдневно се во почвата, воздухот и водата. Засега она што се почнува е во Охис, од тешки метали во некогашната хемиска фабрика живата во самиот круг на фабриката е во екстремно високи количини.
Затворени фабрики но се уште големи загадувачи. Светла точка е што приватните концесиноери на неколку рудници ги покриваат јаловиштата со посипување на земја и пошумување а добро ги решиле и подземните загадувања.