(ВИДЕО) За 30 секунди проверете дали имате коронавирус: Израелците развија супер тест

Благодарение на израелската компанија Наноцент сите оние кои што имаат симптоми на Ковид-19 може да се тестираат за само 30 секунди.

Според видеото процедурата за тестирање е брза и едноставна. Лицето кое се тестира треба само да дува воздух од носот во пластична кеса, која потоа се става на специјален уред развиен од Наноцент.

Уредот потоа извлекува воздух од кесата и го анализира за присуство на коронавирус во неа. Уредот е поврзан и со телефон  кој го прикажува резултатот за 30 секунди.

Во првичните тестови спроведени во Израел, оваа технологија покажа точност од 80 до 85%.