Новогодишната елка што е поставена на Плоштадот Македонија ќе светне во 19:30 часот, а со работа ќе почне и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти град Скопје.

Со тоа, во Скопје и официјално ќе почне празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.