Зоолошката градина во Варшава, Полска, најави дека ќе започне на своите слонови да им дава марихуана како дел од пилот-проект, кој ќе служи за тестирање како оваа билка влијае врз намалување на нивниот стрес.

Медицинскиот канабис се користи ширум светот за лечење на кучиња и коњи, но ова е веројатно прва иницијатива за слонови, истакна ветеринарката Агњешка Чујковска.

Три африкански слонови ќе добијат дози течност со висока концентрација на канабиноидот ЦБД низ нивните сурли.

Ветеринарката Чујковска изјави дека ЦБД не може да предизвика еуфорија или штетни последици на црниот дроб или на бубрезите.

– Ова е начин да се најде природна алтернатива на постоечките методи за борба против стресот – рече Чујковска за АФП.