Актерката од „Ивкова слава“ откри дека е силувана од „филмски моќник“ на почетокот на нејзината кариера.  Ситуацијата во српските медиуми не се смирува, но ниту во актерскиот свет, пишува „Мондо.рс“.

На Даниела многу колешки ѝ пружија поддршка, а повеќето се согласуваат дека таа треба да открие кој е човекот што сексуално ја напаствувал, за да биде соодветно казнет.

Актерката позната по улогата на убавата Мариола во филмот „Ивкова слава“ предизвика бурни реакции во српската јавност кога проговорила за силувањето.

Во трејлерот за филмот „Залечи ме“, Даниела се појавува на неколку секунди додека се доверува некому во видеоповикот преку лаптопот.

Се тврди дека станува збор за разговор со силувачот кој таа, наводно, тајно ја снимила, кога наводно се соочила со него четири години по грозоморниот настан, пишува „Аваз.ба“.

„Залечи ме“ е документарен филм за последиците кои ги трпат жртвите и сторителите на сексуално насилство, засновано врз интимните сведоштва на преживеаните од сексуален напад. Филмот ги комбинира сведочењата на преживеаните од сексуален напад и секвенци од нивните подоцнежни животи, поставувајќи го прашањето што може да се смета за закрепнување.

На актерката оваа ужасна ситуација ѝ се случила на почетокот на кариерата и се шпекулира дека тоа била една од причините зошто на врвот на славата заминала од Србија за Америка.

Документарниот филм „Залечи ме“ (Heal Me) неодамна беше прикажан на Филмскиот фестивал во Сараево.

Во меѓувреме, српските медиуми пишуваат дека обвинителството ќе покрене истрага, а дека актерката претходно ќе биде сослушана.