Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на втората собраниска седница ја констатираше оставката на пратеникот од ДУИ, Фљорим Бесими, кој се повлече од функцијата поради можен конфликт на интереси, но и под притисокот на јавноста, бидејќи неговиот брат и сопартиец, Фатмир Бесими, е предложен за нов министер во владата на Зоран Заев.
Фљорим Бесими поднесе оставка од функцијата пратеник откако Антикорупциската комисија предупреди дека има судир на интереси ако Бесими за изборот на новата влада гласа неговиот брат, Фатмир Бесими, да биде министер.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазлиу од ДУИ, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими.
Уверението за пратеник издадено од ДИК, треба да биде верифицирано од Собранието.
Фазлиу доаѓа од ИЕ6 од редовите на ДУИ.
Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.