Поранешната бразилска фудбалска sвезда Роналдињо, кој беше уапсен во Парагвај повеќе од пет месеци за употреба на лажен пасош при влез во земјата, е ослободен, објави во понеделникот судијата надлежен за случајот.
Судијата Густаво Амарила го одобри и ослободувањето на братот на Роналдињо, Роберт де Асис Мореира. Браќата се наоѓаат во притвор од 6 март.
Роналдињо пристигна во Парагвај за да ја промовира својата книга „Генијот на животот“ и да учествува во неколку хуманитарни акции, но наместо тоа заврши зад решетки. Кон крајот на април, бразилските медиуми објавија сторија во која се тврди дека Роналдињо пристигнал во Парагвај од сосема различни причини и дека тој не ја кажува вистината. „Журнал де Бразилија“ тврди дека легендарниот фудбалер отпатувал во Парагвај во организација на Винпокер и дека требало да биде дел од турнир за коцкање.
Роналдињо ја заврши кариерата во јануари 2018 година и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот. Играше за Барселона, ПСЖ и Милан.