Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР. Температурата ќе се движи од -5 до 8°С.
Во наредните денови не очекува променливо облачно време. Утре ќе има можност за локални врнежи од дожд, особено претпладне во јужните делови од земјата. Температурата ќе се движи од -1 до 8°С.
За претстојниот продолжен викенд времето ќе биде претежно сончево, со умерена облачност и малку повисоки температури, кои ќе се движат во интервал од минимални -2°С до максимални 15°C.
Нови врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат во вторник.