Мало девојче со гума- еднорог било однесено  од морските струи и е спасено од локален ферибот, наведуваат грч,ите медиуми.

Инцидентот се случил вчера во морското подрачје крај градот Антирио во Коринтскиот Залив.

Девојчето помеѓу 4 и 5 години, наводно,им избегало од „вниманието на родителите“ и било однесено од брегот со силните струи .

Кога родителите сфатиле дека нивната мала ќеркичка не се гледа во морето, ги известиле пристанишните власти , кои го алармирале капетанот на локалниот траект „Саламиномахос“.

Капетанот на траектот на линијата Рио-Антирио го нашол детето среде морето и полека се приближувал со траектот.

Членовите на екипажот го спасиле девојчето , кое било во својата гума на надувување.

Девојчето, кое било мирно за време на авантурата, им било неповредено предадено на родителите.

Според локалните медиуми,истиот ферибот неодамна извадил од морето еден постар човек , кој исто така се оддалечил поради струите во областа, додека уживал да плови на душек на надувување.

Posted by Giorgos Papaioannou on Monday, August 24, 2020