Финалната фаза на Лигата на шампионите, па дури и финалето, се играше во Лисабон без присуство на публиката поради епидемијата на коронавирусот. УЕФА беше принудена да го преземе овој чекор, но затоа сликите што синоќа дојдоа од Париз ужаснаа добар дел од европската јавност.
Шпанските, германските и англиските медиуми ја критикуваат одлуката на ПСЖ, клубот да организира јавно гледања на натпреварот во „Паркот на принцовите“ за неколку илјади навивачи, пишува „Моцартспорт“.
Бројни медиуми се прашуваат која е поентата да се игра финалето без публика, а ПСЖ да собира илјадници луѓе на стадионот и да ризикува ширење на инфекцијата што целиот свет се обидува да ја контролира? Во Франција, која е четврта земја во Европа во однос на бројот на заразени и е далеку од безбедна состојба со вирусот КОВИД-19. Без да се почитува никаква социјална дистанца.
Која порака ја испраќа Париз со ваков потег?