Странските студенти, кои доаѓаат во Германија и чии предавања се одвиваат исклучиво преку Интернет, нема да имаат право на виза поради пандемијата, потврди германската влада.
Повеќе од 80.000 странски студенти во Германија ја напуштија земјата во април, а факултетите и библиотеките беа затворени поради коронавирусот.
За студентите надвор од Европската унија сега се бара да достават „потврда за посетеност“ на универзитетот каде студираат во Германија кога аплицираат за виза. Но, поради пандемијата, некои предавања ќе се одржат целосно на Интернет.
„Странските студенти кои можат да докажат дека нивните студии не можат целосно да бидат посетени онлајн од странство, на пример, поради задолжителна посета на наставата, можат да влезат во земјата за да започнат со студиите“, рече Ања Карличек, од германското Министерство за образование.
Критичарите велат дека Карличек сега им оневозможува на странските студенти во Германија да стекнат искуство и размена.
„Ако сте примени на колеџ во Германија, треба да ви дадат виза“, вели Кумар Ашиш од Федералната унија на меѓународни студенти во Германија. Тој објаснува дека треба да се овозможи виза, дури и во тековните околности кога има ограничувања заради коронавирусот.
Тешкотии може да се појават и кај професорите. Маха Ел Хиси, професор по германски јазик на Универзитетот во Минхен, на Твитер напиша: „Кога странските туристи ќе дојдат во Германија, тоа е размена лице-в-лице и дијалог во двете насоки. Колку е срамно ова”.
Бројот на луѓе погодени од правилата е непознат, делумно заради нејасниот развој на пандемијата. Но, како што сега стојат работите, бројот на предавања лице-в-лице што прераснаа во курсеви преку Интернет е многу мал, вели Мајкл Флек, од германската служба за академска размена.
„За зимскиот семестар, германските универзитети планираа мешавина на предавања преку Интернет и во живо, и заради таа комбинација, на странските студенти од надвор од ЕУ им е дозволено да доаѓаат во Германија“, објасни Флек. за оние студенти чии предавања ќе бидат комбинација од часови во живо и преку Интернет, Флак предвидува обезбедување „потврда за посетеност“ што е можно поскоро.
Но, со оглед на неодамнешните ограничувања за патувањето, Флак е меѓу оние што советуваат на претпазливост за странските студенти кои планираат да дојдат во Германија во октомври.