Според полицискиот билтен на 4 декември во Аеродром од кучиња скитници биле каснати 2 лица.
На 04.12.2019 во 15,50 часот во Полициската станица Аеродром В.Б.(71) од Скопје пријавил дека на булеварот “Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
На 04.12.2019 во 22,20 часот во Полициската станица Аеродром А.Р.(42) од Скопје, пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ неговата 16 годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната нога.