Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во дебатата за предлогот за избор на претседател на Собраниието, говорејќи за предностите и слабостите на Талат Џафери, го спореди со Че Гевара, соопштувајќи дека неговата партија ќе гласа против неговиот избор.
„Џафери за мене е единствениот Че Гевара, кој од герила директно влезе во влада, единствено тој тоа го може“, рече Апасиев.
Како предност кај Џафери во неговата досегашна работа, според Апасиев е, што, како што рече, му одржал службен натпревар на претседателот Пендаровски со 3 спрема нула“ по три прашања: дека не може да се свика распуштено Собрание, Собранието не е конституирано ако не е избран спикер и дека не може да се одложи самораспуштање на Собранието.
Потоа, Апасиев наброја неколку работи за кои смета дека потапил спротивно на Деловникот, за кој рече дека е швајцарско сирење.
На Џафери му забележа за тоа што на конститутивната седница, како што рече, не проборел ниту еден збор на македонски и дека во актите се потпишува на латиница и онаму каде треба да стои кирилично писмо.