На границата на Србија и Македонија, кај Прешево, почна поставување на ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.
– Сметаме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи, претседател на општината.
Фото: РСЕ