Ќе се избира првиот човек на Државниот завод за ревизија?

Денес во 15часот во Собранието на република Македонија е закажано продолжение на седницата на Комисијат за избори и именувања на која точа на дневен ред е Утврдување предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија.

Работата на Државниот завод за ревизија е скоро блокирана поради тоа што нема раководно лице, речиси, две години.
Над 40 ревизорски извештаи чекаат за потпис.

На последната седница на Комисијата, пратеникот од СДСМ Мухамед Зеќири за државен ревизор го предложи Адем Цури, додека пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими го предложи Насер Адеми, кој досега ја извршуваше функцијата заменик државен ревизор.

За Адем Цури гласаа шест од 12 присутни членови на Комисијата, по што претседателот на Комисијата Димовски ја прекина расправата за оваа точка и ги повика политичките партии да изнајдат начин да се договорат за изборот на државниот ревизор. Потребно мнозинство не доби ниту Адеми, па претседателот на собраниската Комисија, Илија Димовски, на барање на Зеќири, ја прекина расправата.

Пратениците во Собранието после неколку неуспешни обиди да изберат главен државен ревизор во државава, денес повторно ќе се обидат да го изберат првиот човек на оваа институција.

Изборот треба да го направат за еден од следниве кандидати:
1. Наташа Нинеска, дипломиран економист од Скопје,
2. Бранко Смилевски, дипломиран економист од Скопје,
3. Ирена Јованова Поповска, дипломиран правник од Скопје,
4. Татјана Димитровска,дипломиран економист од Скопје,
5. Максим Ацевски, дипломиран економист од Велес,
6. Насер Адеми, дипломиран економист од Скопје.
7. Тања Тасевска, дипломиран економист од Скопје
8. Милан Ракиќ, дипломиран економист од Куманово,
9. Цвета Ристовска, дипломиран економист од Скопје
10. Валентина Алексовска, дипломиран економист од Куманово,
11. Адем Цури, дипломиран економист од Скопје,
12. Ване Цветанов, дипломиран економист од Кочани.