Утре точно напладне ќе продолжи конститутивната седница на Собранието на која треба Талат Џафери да биде избран за старо-нов претседател на Парламентот.
По седницата, мандатарот Зоран Заев на Џафери ќе му ја достави програмата за работата на владата за идниот четиригодишен мандат како и кадровските решенија за првиот владин ешалон, велат за Плусинфо учесници од состанокот на СДСМ со партнерите од коалицијата „Можеме“.
На продолжението на конститутивната седница треба да се избере и комисијата за избори и именувања.
Ова Заев им го соопштил на партнерите на кој им го презнтирал договорот за влада со ДУИ.
– Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, рече Али Ахмети.
Според учесниците на средбата, договорот поминал кај коалициските партнери, кои пак, на нови одделни средби ќе договараат делот од владиниот колач, односно заменик-министерските места, како и директори на агенции.