За прв пат во американската историја, 12-те најбогати американски милијардери надминаа вкупното богатство од еден трилион долари. Минатата недела тие 12 лица поседуваа вкупно 1,015 милијарди долари, пишува Американскиот институт за политички студии.
И додаваат – тоа е едноставно премногу економска и политичка моќ во рацете на 12 лица, и тоа е вознемирувачка пресвртница во историјата на концентрираното богатство и моќ во Соединетите држави.
Уште 29 милионери се приклучија на американскиот клуб на Милионери во тој период.
Дванаесетте најбогати во САД се: Џеф Безос (189,4 милијарди), Бил Гејтс (114), Марк Цукерберг (95,5), Ворен Бафет (80), Елон Муск (73), Стив Балмер (71), Лери Елисон (70,9), Лери Пејџ (67,4), Сергеј Брин (65,6), Алис Волтон (62,5), Џим Волтон (62,3) и Роб Волтон (62).
Од 18 март, од почетокот на пандемијата, овие богати луѓе го зголемија своето богатство за вкупно 283 милијарди долари, што претставува зголемување за скоро 40 проценти.
Елон Муск беше најголемиот „профитер“ на пандемијата, бидејќи неговото богатство тројно се зголеми, од 24,6 милијарди долари на 18 март на 73 милијарди долари на 13 август, што е пораст од 48,5 милијарди долари или 197 проценти.
Ко-основачот на Амазон, Џеф Безос, чие богатство од 189,4 милијарди долари на 13 август, се покачи за 76 милијарди долари, или 68 проценти, од 18 март.
Богатството на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, е на 95,5 милијарди долари на 13 август, повеќе од 40,8 милијарди американски долари или зголемување од 75 проценти од 18 март.
За време на првата фаза на пандемијата, помеѓу 1 јануари и 18 март, колективното богатство на овие дванаесет се намали за 96 милијарди долари. Но, нивното богатство беше брзо „обновено“. Единствен исклучок е Ворен Бафет, кој сè уште е 2 милијарди долари под своето богатство во март 2019 година. Сепак, во моментов вреди 80 милијарди долари.
Американскиот институт што ја направи анализата користеше податоци од „Форбс“, кои со години водат евиденција за најбогатите луѓе во светот и промени во нивното богатство.
Во истите три месеци 45,5 милиони Американци ги загубија своите работни места. Само во третата недела од април, дури 4,4 милиони Американци се регистрираа во канцеларијата за невработеност.
Институтот наведува, повикувајќи се на податоците на Федералните резерви (Американска централна банка), дека повеќе од 6,5 милијарди долари богатство на американски домаќинства исчезнале во првите три месеци од оваа година.