Жителите на швајцарското гратче Олтен се збуниле кога започнале да гледаат како паѓа кафеав „снег“ во нивниот град. Ова се случило откако системот за вентилација во фабриката за чоколади „Линдт“ се расипал, па целиот град бил посипан со какао во прав.
Компанијата „Линдт“ во вторникот ги потврди локалните извештаи дека имало мал дефект во вентилацијата за ладење, за линија за печење „грицки од какао“ во нејзината фабрика во Олтен, Швајцарија – пренесувсa Индепендент.
Во комбинација со силен ветер во петокот наутро, прав се раширил околу непосредната близина на фабриката, оставајќи убава количина прашина од какао.
Компанијата вели дека понудила да плати за било какво потребно чистење – но сè уште не е доставено ниту едно барање за надомест.
Системот за вентилација сега е саниран а фабричкото производство продолжило како и нормално. Од компанијата велат дека честичките биле целосно безопасни за луѓето и околината.