Мицкоски: Најавите на власта и премиерот Заев, за покачување на пензиите се лажни

Во петминутно видео обраќање, преку презентации и пресметки, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тврди дека најавите на власта и премиерот Зоран Заев, за покачување на пензиите се лажни. Според него, пензионерите требало да земат поголеми пензии во 2019 и 2020 година за 1.150 денари месечно, а не само 700 денари. Според премсетките на Мицкоски , на пензионерите им се одземени 450 денари, а им се уксратила и можноста за дополнителен раст на пензиите.

„Просечната пензија на 31 декември 2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со Закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018 – та година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019 – та година, пари кои Заев не ви ги даде, односно ви ги одзеде!“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.