Зоран Заев и Али Ахмети се на чекор до финален договор кој ќе треба да обезбеди 61 пратеничко столче во Собранието за формирање на новата Влада. Нивната средба е закажана за денеска во 14 часот во клубот на пратеници по што се очекуваат изјави за медиумите.
Дека преговорите се практично финализирани покажува и фактот што СДСМ за утре веќе има закажано седници на двете највисоки партиски тела, централниот и извршниот одбор на партијата кои треба и формално да дадат зелено светло за договорот кој Заев ќе го потпише со Ахмети.
Од СДСМ вчера во писмено соопштение до медиумите ја потврдија средбата Заев – Ахмети потенцирајќи дека за време на викендот преговарачките тимови на двете страни постигнале значителен напредок.
Во отсуство на официјални информации, очекувано медиумите шпекулираат со имињата и распоредот во новиот владин состав.