Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска го одбележа Денот на Армијата на С. Македонија.

„Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината. Чест ми е и гордост што годинава за првпат Денот на Армијата 18 Август го одбележуваме како Армија на земја членка на НАТО. Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана“, напиша таа на својот Фејсбук профил.