Докторка Ли Менг Јанг која ја напушти Кина поради закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство, тврди дека КОВИД-19 потекнува од воена лабораторија во Кина.

Ли Менг Јанг беше виролог во лабораторијата на Универзитетот во Хонг Конг, Центарот за истражување на заразни болести на Светската здравствена организација.Таа беше помеѓу првите кои го испитуваа новиот вирус кој што се појави во градот Вухан.

Меѓутоа тоа што што го откри д-р Јан во Пекинг беше негирано од страна на државата и научници.

Уште на почетокот на јануари со прегледување на кластерите во семејствата таа открила дека вирусот во Вухан се пренесува од личност до личност.  Таа знаела дека Вухан има повеќе случаи отколку што тврди кинеската влада, па затоа смета дека тврдењето на Пекинг дека вирусот потекнува од „влажниот пазар“ во Вухан е всушност намерна лага.

– Тие не сакаа јавна дебата. Им рекоа на луѓето да не се грижат, тврди докторката Јан.

Д-р Јан не беше единствената кој сакаше да ја открие вистината за коронавирусот.

На 23 јануари во Кина беа уапсени осум лекари заради предупредување за вирусот на социјалните медиуми. Властите ги уапсија лекарите поради „ширење измама“, а потоа на 7 февруари почина еден од нив.

Бидејќи бројот на починати нагло започнал да расте докторката сфатила дека ни престои светска пандемија и мора нешто да стори.

– Сфатив дека ова е вонредна состојба за целиот свет. Не можев да молчам, изјави таа за Фокс.

Според неа, кинеската влада и СЗО знаеле дека болеста се пренесува од личност до личност, но не ја споделиле навремено информацијата со светот.

Верувајќи дека оваа информација може да спаси животи, таа одлучила да избега во САД и да ја каже вистината.