Ворен Бафет, ја продаде својата позиција во „Goldman Sachs” и ја замени за канадска компанија за злато „Barrick Gold”. Макс Кaјзер, основачот на „Bitcoin Capital” & „Heisenberg Capital”, вели дека тоа би можело да помогне биткоинот да достигне вредност од 50.000 долари.
Портфолиото на „Berkshire Hathaway” покажува дека Бафет ја намали својата позиција во повеќето големи банки, објави „Фортун“ на 15ти август.
Фирмата освен што ја затвори позицијата во „Goldman Sachs”, продаде значително голем дел од своите акции и во „JPMorgan”, „Wells Fargo” и „PNC Financial Services”.
„Berkshire Hathaway” продаде 85,6 милиони акции на „Wells Fargo”, што претставува околу 26% од својот удел и ја намалува сопственоста на околу 3% од 5,3 проценти колку што поседуваше претходно.
Компанијата, исто така, продаде 35,5 милиони акции на „JPMorgan”, 61% од нејзината позиција, што сега претставува 1% од целокупното портфолио на „Berkshire Hathaway”, намалено за 3% на крајот од март.
„Berkshire Hathaway” исто така, го намали своето учество во „PNC Financial Services” со продажба на 3,85 милиони акции за да ја намали својата позиција на 0,3% од претходните 0,5%.
Ворен Бафет го додаде „Barrick Gold” во своето портфолио во второто тримесечје, купувајќи акции на вториот по големина рудник во светот за скапоцени метали.
„Berkshire Hathaway” зазеде нова позиција во „Barrick Gold”, купувајќи 20,9 милиони акции, или 1,2% од вкупните акции на компанијата, со сегашна пазарна вредност од 565 милиони американски долари.