Температурата измерена во неделата во Долината на смртта достигна дури 54,4 степени Целзиусови, што е веројатно највисока измерена температура откако постои живиниот термометар од 1913 година.
Ако податоците за Националната метеоролошка служба се точни, тоа е исто така една од трите највисоки температури досега измерени во Долината на смртта, лоцирана во пустината Мохаве од Калифорнија, како и највисоката измерена температура таму во текот на месец август.
Долината на смртта го држи рекордот за највисока температура досега регистрирана на нашата планета – 56,6 степени Целзиусови, според Гинисовата книга на светски рекорди во 1913 година, но ова читање е контроверзно според мислењето на многу научници.
Голем дел од југозападниот дел на Соединетите држави беа погодени од невиден топлотен бран. Националната метеоролошка служба објави високи 44,4 степени Целзиусови во населбата Вудленд Хилс во Лос Анџелес, кршејќи рекорд од 42,2 степени поставен во 1977 година.
На Универзитетот во Калифорнија, истиот ден се забележани 33,3 степени Целзиусови, со што беше срушен рекордот од 32,2 степени забележан во 2003 година.
Во центарот на Лос Анџелес температурите достигнаа 36,6 степени Целзиусови.