На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од пожарот кој синожа ја зафати бара во Центарот за бездомници во Чичино Село. Видеото првично е објавено во групата „Република Македонија – Трета запад“.

Во пожарот нема повредени.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада од Град Скопје Владимир Симоновски изјави дека пожарот бил пријавен во 23:35, бил локализиран во 00:25, а целосно изгаснат во 07 часот.

Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат пожарот што ја зафати бараката од 500 квадратни метри, во која во тој момент немало луѓе.

Опожарена барака во Центарот за бездомноци во Чичино Село – видеото е преземено од ФБ групата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-ТРЕТА Запад“

Опожарена барака во Центарот за бездомноци во Чичино Село – видеото е преземено од ФБ групата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-ТРЕТА Запад“

Posted by Press24.mk on Sunday, August 16, 2020