Двојката има речиси 1,5 милиони следбеници на Инстаграм. Моин – Ширази, познат како Пикасо Моин, е поранешен светски првак во кик бокс и претприемач. Осуден е на 9 години затвор. Ирански суд ја осуди брачната двојка инфлуенсери на вкупно 16 години затвор, 74 удари и парична казна.

Ахмад Моин – Ширази, кој сега живее во егзил со сопругата Шабнам Шахрохи и двете децам на 29 април на Инстаграм напиша дека тој и неговата сопруга се осудени во отсуство поради наводни „пропаганди против режимот“, поради „вулгарните“ статуси на социјалните медиуми и зошто пропагирале корупција.

Моин – Ширази и неговата сопруга го напуштија Иран во септември 2019 година и побегнале во Турција. Имено, пред тоа во повеќе наврати се обвинети за шпионажа, властите ги предупредувале на нивните објави во медиумите и дека еднаш дури и кратко завршиле во притвор, пишува Радио Фарда.

Двојката има речиси 1,5 милиони следбеници на Инстаграм. Моин – Ширази, познат како Пикасо Моин, е поранешен светски првак во кик бокс и претприемач. Осуден е на 9 години затвор. Вели дека иранските власти порачале дека не смее да ги објавува своите политички ставови, дури ни фотографиите на кои е неговата сопруга без хиџаб (марама која ѝ ја покрива главата).