Мицкоски: Пендаровски покажа дека не е претседател на сите граѓани

Претседателот на ВНРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредна прес конференција го обвини претседателот на државата дека го прекршил Уставот и без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник тој го доделил мандатот за формирање влада на пратеникот Зоран Заев.

„Мандатот е узурпиран, би рекол киднапиран од човек како Зоран Заев, ова претставува продолжување на праксата на кршење на Уставот при доделување на мандатот, а сега учесник во тоа е и претседателот на државата Пендаровски“ потенцира Мицкоски.

Тој запраша по кој критериум одлучи Пендаровски да го додели мандатот на човеек кој не обезбедил доказ дека поседува мнозинстство во парламентот.

Мицкоски потсети дека Пендаровски велеше дека ќе ги повика сите политички чинители кај него на разговор, за доделување на мандатот, но таков разговор не се случил.

Уставот е прекршен, а Стево Пендаровски е активен учесник во тоа, рече тој.

Мицкоски истакна дека во 15:30 часот заедно со пратениците ќе отиде во кабинетот на Пендаровски за да добие одговор од него врз основа на што му го доделил мандатот за формирање на влада на Зоран Заев, за што го повика и Пендаровски да ги прими на средба него, заедно со уште еден пратеник.

По средбата со Пендаровски, како што рече Мицкоски, ќе ја извести јавноста за понатамошните чекори.

Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020

Прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 13.08.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, August 13, 2020