Периодов, родителите на децата што посетуваат градинка се принудени да доставуваат потврди од работа дали можат, односно дали ќе работат од дома, а со тоа да се даде приоритет на децата на родителите кои ќе мора да одат на работа. И покрај тоа што ситуацијата е комплицирама, дел од родителите се револтирани бидејќи имаат проблем на работните места:
-Работам во приватна фирма, сопственикот е Словенец. Уште немаме никакви насоки како понатаму. Изминатите месеци работевме од дома со повремени и ретки физички присуства, но сега немаме никакви одлуки за периодот што следи однапред. На крајот на денот, можеби мојата фирма ќе одлучи во октомври дали остануваме дома или не, а моето дете не ќе може да го запишам во градинка оти тогаш веќе ќе е преполно. Ова е ужасна одлука на министерството, пишува на маилот на „Скопско ехо“ 38-годишната Г.А. од населба Аеродром.