Страшната експлозија што го потресе Бејрут уби 158 луѓе и повреди илјадници. Експлозијата уништи дел од градот и создаде кратер длабок 43 метри.
Бројни снимки од експлозијата пристигнуваа од Либан, а фактот што се слушна дури и на Кипар докажува колку е моќна. Сега се појави уште едно видео кое ја покажува деструктивната моќ на експлозијата. На снимката јасно се гледа како експлозијата уништува сè пред себе.
Либанците се бесни од експлозијата и протестираа против владата во неделата вечерта. Експлозијата беше капка што ја прелеа чашата незадоволство на луѓето од политичкиот и економскиот колапс на земјата, што предизвика повици за промена на владата.