Во пресрет на клучните денови во разговорите за ново парламентарно мнозинство, Али Ахмети ги покани лидерите на останатите албански партии на заедничка средба.

На годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор лидерот на ДУИ организира состанок на кој што ги очекува челниците на ДПА, Тачи, коалицискиот партнери од Алијанса за Албанците и Алтерантива, Села и Гаши, како и претседателот на БЕСА, Касами.

Претседателот на СДСМ Заев за ТВ21 за оваа средба истакна дека оваа претставува притисок.

ДУИ уште претходно повикуваше на обединување околу идејата за премиер Албанец, а партиски извори брифираат дека преговорите со СДСМ се „заглавени“ токму на прашањето кој и колку ќе седи во премиерската фотелја.

По ваквите настани останува отворено прашањето дали лидерите на најголемите македонски партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски може да седнат на иста маса како одговор на средбата на албанските партии.