Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги кани претседателите на албанските партии на средба, соопштија од партијата. Покани се испратени до Африм Гаши од Алтернатива, до Билал Касами од БЕСА, до Зијадин Села од Алијанса за Албанците и си лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
„По одржаните предвремени парламентарни избори на 15 јули 2020 година, имаме чест да ве поканиме на заедничка средба на парламентарните албански политички партии“, стои во поканата од ДУИ.
Предвидено е средбата да се одржи на годишнината на Охридскиот рамковен договор, на 13 август 2020 година, во 12 часот, во Скопје.
„Поздрав почитувани претседатели на албанските парламентарни партии, Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА и Мендух Тачи – ДПА. Се надеваме дека поракава ќе ве најде здрави и добри. Во име на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по оддржаните предвремени парламентарни избори на 15 Јули 2020 година, имаме чест да ве поканиме на заедничка средба. Ве покануваме средбата да ја реализираме на годишнината на Охридскиот рамковен договор, на ден четврток, 13 Август 2020 година, со почеток во 12:00 часот, во хотелот Парк во Скопје. Ве молиме да нè информирате околу вашата готовност за оваа заедничка значајна средба“, се вели во соопштението од ДУИ.