Нухиу ги потпиша актите за воведување албански јазик на полициските униформи

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Фејсбук објави дека ги потпишал подзаконските акти за воведување на албанскиот јазик на симболите на полициски униформи.

„Потпишавме нормативни акти за амблемите на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.