Бил Гејтс вели дека во богатите земји пандемијата ќе исчезне следната година

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс верува дека коронавирусот ќе влијае на земјите во развој уште долго време.

Секој сака да знае кога ќе заврши кризата со коронавирусот, а ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс има идеја. Но, неговата проценка варира во зависност од тоа дали живеете во земја во развој во светот или во побогати земји како САД.

„Иновациите за зголемување на дијагностиката, новите терапии, вакцините, се е всушност импресивни“, изјави Гејтс за списанието Wired во интервјуто објавено во петокот.

„И затоа мислам дека пандемијата во богатите земји би можела да заврши до крајот на 2021 година, а во светот до крајот на 2022 година“, рече Гејтс.

Гејтс инаку финансира медицински истражувања и програми за вакцини и е свесен дека дури и ако се оствари неговото предвидување, избувнувањето на епидемијата ќе го врати економскиот раст и напредокот во борбата против маларијата и ХИВ во сите земји во светот неколку години наназад.

Во разговорот, Гејтс со остри зборови го критикува американскиот систем за тестирање и изразува фрустрација бидејќи претседателот Доналд Трамп и неговата администрација не се соочиле со ситуацијата.

Но, Гејтс верува дека на крајот ќе се создаде вакцина, истакнувајќи дека заради обемот и проблемите со производството, некои вакцини веројатно ќе помогнат само во побогатите земји.